Лоша среќа за Интер, Стоунс ќе отсуствува еден месец

Дефанзивецот на Интер и англиски репрезентативец, Џон Стоунс, го повреди бутниот мускул на натпреварот против Удинезе и се очекува да отсуствува еден месец, објавија италијанските медиуми

Прегледи:

Датум:

Дефанзивецот на Интер и англиски репрезентативец, Џон Стоунс, го повреди бутниот мускул на натпреварот против Удинезе и се очекува да отсуствува еден месец, објавија италијанските медиуми.

„Стоунс утрово беше подложен на клинички и дијагностички тестови во Рокано. Тестовите покажаа истегнување на левиот бутен мускул. Неговата состојба ќе биде повторно проценета во наредните денови“, соопшти клубот од Милано.

Во соопштението на Интер не се наведува колку долго Англичанецот ќе отсуствува, но италијанските медиуми објавија дека ќе отсуствува околу еден месец.

Стоунс (32) ова лето му се придружи на Интер од Манчестер Сити и одигра четири натпревари за „нероазурите“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рафиња утре официјално ќе потпише нов договор со Барселона

Капитенот на Барселона, Рафиња, официјално ќе го парафира својот...

Де Јонг се жали: Се зборува повеќе за мене отколку за другите

Френки де Јонг го искористи својот 300-ти натпревар за...

Манчестер Сити би можел да се соочи со дополнителни обвиненија

Сè поголем број шефови на англиски фудбалски клубови бараат...

Бецеки не се откажува од борбата за светската титула во МотоГП

Марко Бецеки јасно стави до знаење дека не се...