Малдини и Леонардо ја напуштија Италијанската фудбалска федерација по само 10 дена

Голема пресвртница во италијанскиот фудбал - Паоло Малдини и Леонардо поднесоа оставки од своите позиции во Италијанската фудбалска федерација, само десет дена откако беа назначени на своите позиции

Прегледи:

Датум:

Голема пресвртница во италијанскиот фудбал – Паоло Малдини и Леонардо поднесоа оставки од своите позиции во Италијанската фудбалска федерација, само десет дена откако беа назначени на своите позиции.

Според Фабрицио Романо, дуото одлучило да го напушти проектот поради несогласувања со претседателот на Федерацијата, Џовани Малаго, околу изборот на новиот селектор на италијанската репрезентација.

Малдини, кој беше назначен за технички директор, и Леонардо, кој требаше да биде советник, имале јасна желба да го стават Андреа Пирло на клупата на „азурите“. Сепак, претседателот Малаго не дал согласност за ангажманот на легендарниот играч од средниот ред.

Главната причина за неговото противење се наводно врските на Пирло со руски брендови, поради што првиот човек на италијанскиот спорт не сакал да го поддржи неговиот избор за селектор.

Малдини и Леонардо не сакале да се откажат од својата идеја и откако нивниот предлог не добил поддршка, решиле да се повлечат од проектот.

Така, соработката на големите фудбалски имиња со Италијанската фудбалска федерација заврши практично пред да започне, а „азурите“ сега повторно бараат решение за позицијата тренер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ФИБА Еврокуп: Нов пораз на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја нов пораз во ФИБА...

📽️ Лацио постигна шест гола против Сасуоло, тимот на Гатузо привремено на врвот во Серија А

Лацио го победи Сасуоло со 6-2 во спектакуларен натпревар...

🎬 Црвена Звезда го декласираше Макаби, Барселона славеше во Минхен во тесна завршница

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Макаби Тел Авив...

🎥 Зверев и Алкараз се изнамачија, но продолжуваат напред во Виена

Првиот носител Александар Зверев се пласираше во второто коло...