Манчестер Сити ја прифати понудата на Барселона за Родри

Шпанскиот репрезентативец Родри ќе стане новото засилување на Барселона откако Каталонците постигнаа целосен договор со Манчестер Сити во врска со неговиот трансфер.

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот репрезентативец Родри ќе стане новото засилување на Барселона откако Каталонците постигнаа целосен договор со Манчестер Сити во врска со неговиот трансфер.

Информацијата ја потврди познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо со препознатливата порака „еве нè“, означувајќи крај на месеците шпекулации.

„Родри во Барселона, „еве нè“! Постигнат е договор за доаѓањето на шпанскиот играч од средниот ред од Манчестер Сити во Барса. Сè е завршено за поранешниот освојувач на Златната топка“, рече Романо.

Каталонскиот гигант значително го зголеми притисокот во последниот период и ја зголеми финансиската понуда во неколку наврати со цел да го скрши отпорот на англискиот шампион.

Фактот дека искусниот играч од средниот ред има само една година од договорот со „граѓаните“ значително ја олесни преговарачката позиција на Барселона.

Родри пристигна во Англија во 2019 година од Атлетико Мадрид и прерасна во клучна фигура во најуспешната ера на Сити, освојувајќи неколку трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2023 година.

Врвот на неговата индивидуална кариера беше во 2024 година кога ја доби престижната Златна топка за најдобар фудбалер во светот.

Официјална потврда за овој бомбастичен трансфер од клубовите се очекува во наредните часови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Мурињо за првпат имаше моќен состав – Реал го победи Шалке со 3:0

Тестовите се завршени, Реал Мадрид ја направи генералната проба...

Мареска: Има многу работи на кои треба да работиме

Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, рече дека неговиот...

Артета: Уживав во играта на Арсенал, не го очекував овој резултат

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека уживал во...

Митревски се пресели од Вардар во ТФТ

Македонскиот кошаркар Матеј Митревски се пресели од редовите на...