Манчини враќањето на клупата на „азурите“: Жал ми е за сè, ќе ја вратам Италија таму каде што ѝ е местото

Откако беше повторно назначен за нов селектор на Италија, Роберто Манчини призна дека напуштањето на клупата на „азурите“ било огромна грешка и недоразбирање за кое длабоко жали

Прегледи:

Датум:

Откако беше повторно назначен за нов селектор на Италија, Роберто Манчини призна дека напуштањето на клупата на „азурите“ било огромна грешка и недоразбирање за кое длабоко жали.

„Како да си ја изгубил љубовта на својот живот. Ќе се обидам тимот да игра толку добро што на крајот ќе ми простат“, рече Манчини откако ја презеде нестабилната селекција, која три пати по ред го пропушти Светското првенство.

Тој истакна дека она што се случи пред три години кога ја напушти клупата на Италија беше недостаток на комуникација меѓу него и тогашниот прв човек на Италијанската фудбалска федерација.

„Да седневме и да разговаравме лице в лице, сè ќе се одвиваше сосема поинаку. Националниот тим е нешто исклучително важно, тоа е како да ја изгубиш љубовта на својот живот. Тоа значи дека си направил грешки. Не е важно колку си бил добар претходно, очигледно е дека си направил грешка. Жал ми е за сè што се случи во последните три години, но судбината и Малаго ми дадоа можност да почнам одново. Ќе дадам се од себе да го вратам националниот тим таму каде што му е местото“, рече тој.

Манчини е последниот тренер што ѝ донесе на Италија трофеј во едно натпреварување, а тоа беше ЕУРО 2020.

„Сакам да составам тим способен да го повтори она што го направивме во 2021 година. Имаме играчи, имаме талент, млад талент, па затоа нашата цел е да играме добар и позитивен фудбал“, додаде Манчини.

Ве потсетуваме дека италијанскиот фудбал во последните денови го потресе неверојатен скандал, откако легендарниот Андреа Пирло беше назначен за селектор на Италија, но потоа ФИГЦ се откажа од соработка поради соработката на Пирло со руска обложувалница.

Претходно, Италијанците се обидоа да ги доведат Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти на клупата, но двајцата ги одбија поканите од Апенините.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нови информации: Клиперс му нуделе на Леброн над 20 милиони долари, и Бостон бил во игра

Одлуката на Леброн Џејмс да потпише двегодишен договор со...

Минарди го тужи Антонели за милиони

Човекот кој го откри Андреа Кими Антонели, Џовани Минарди,...

Гледаноста на Формула 1 повторно расте низ целиот свет

Формула 1 продолжува со метеорскиот раст во 2026 година,...

Дончиќ го носи целиот тим на Лејкерси во Словенија

Промената на врвот на Лос Анџелес Лејкерси започна уште...