Немам притисок и гледам да уживам во моментот, изјави Гаштаров пред Шкотска

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“

Прегледи:

Датум:

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.

„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме.

За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија на „Хампден парк“ во Глазгов се игра во петок, со почеток во 20:45 часот по македонско време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мегваер до Карик: „Засекогаш легенда“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, му оддаде почит...

Седлоски: Се надевам дека против Шкотска ќе излеземе од негативната серија

Македонската фудбалска репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со...

Скалони го продолжи договорот со Аргентина до 2030 година

Лионел Скалони и Аргентина ја продолжија соработката до 2030...

Кари ќе отсуствува најмалку две недели

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе отсуствува...