Седлоски: Се надевам дека против Шкотска ќе излеземе од негативната серија

Македонската фудбалска репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски, ја најави средбата против селекцијата која славеше на првиот меѓусебен дуел во Скопје со 2:0

Прегледи:

Датум:

Македонската фудбалска репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски, ја најави средбата против селекцијата која славеше на првиот меѓусебен дуел во Скопје со 2:0.

Во пресрет на вториот натпревар во групата од Лигата Б, Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување.

„Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектомини како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мегваер до Карик: „Засекогаш легенда“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, му оддаде почит...

Немам притисок и гледам да уживам во моментот, изјави Гаштаров пред Шкотска

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската...

Скалони го продолжи договорот со Аргентина до 2030 година

Лионел Скалони и Аргентина ја продолжија соработката до 2030...

Кари ќе отсуствува најмалку две недели

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе отсуствува...