Осум лица се осудени на шест месеци затвор во Абу Даби по масовната тепачка во која учествуваа шампионот во лесна категорија на ПФЛ, Усман Нурмагомедов, и поранешниот шампион на УФЦ, Мераб Двалишвили.
Одлуката беше објавена денеска од страна на Судскиот оддел на емиратот.
Инцидентот се случи во средата во лобито на хотелот „Јас Хилтон“ додека Двалишвили давал интервју.
Нурмагомедов и луѓе од неговата придружба му се приближиле на Грузиецот, по што Русинот го удрил. Ситуацијата брзо ескалирала во масовна тепачка, во која биле повредени Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили.
Двајцата не добија затворски казни и беа казнети со по 50.000 дирхами (околу 14.000 долари) за нарушување на јавниот ред и мир и веќе се ослободени од притвор.


