Светската ММА заедница сè уште дебатира за скандалозниот напад на Усман Нурмагомедов и неговиот тим врз Мераб Двалишвили и неговиот 21-годишен пријател Саба Лазишвили во хотел во Абу Даби, а сега пристигнаа и најновите информации!
Според еден од најпознатите новинари кој ги следи случувањата околу ММА сцената – Ариел Хелвани, Мераб и неговиот пријател се ослободени од притвор, додека Усман Нурмагомедов, како и неговиот тим, ќе останат зад решетки.
– Мераб Двалишвили и Саба Лазишвили штотуку се ослободени од притворен центар во Обединетите Арапски Емирати. Тие се таму од среда, кога беа приведени по тепачка во хотел во Абу Даби. Како што разбрав, извршниот директор и ко-основач на RAF, Чед Бронштајн, вложи огромен напор и тесно соработуваше со локалните власти за да го обезбеди нивното ослободување. Речиси 48 часа подоцна, тоа се случи. Бронштајн бил присутен во притворниот центар кога Двалишвили и Лазишвили биле ослободени, пишува Хелвани.
Според локалните медиуми, уапсени се вкупно десет лица: Шест члена на тимот на Нурмагомедов; Мераб Двалишвили и Саба Лазишвили; две лица кои ја снимале тепачката.
Според сознанијата на Хелвани, досега се ослободени само Двалишвили и Лазишвили. Според локалниот медиум The National, шесте члена на тимот на Нурмагомедов, кои го предизвикаа судирот во среда, беа осудени на шест месеци затвор, казнети со по 300.000 дирхами и депортирани по отслужувањето на казната.
Министерството за правда на Абу Даби во соопштението соопшти дека тие биле казнети за „нарушување на јавната безбедност, предизвикување паника и загрозување на животот“. Мераб Двалишвили и Саба Лазишвили беа казнети со по 50.000 дирхами за „нарушување на јавната безбедност и физички напад врз други лица“.
Двете лица кои го снимале инцидентот беа осудени на шест месеци затвор, парична казна од 300.000 дирхами за секое лице и депортација. Тие беа осудени за „повреда на приватноста со користење на информатичка технологија за снимање и објавување снимки од тепачката“, се вели во соопштението на Хелвани.


