Затегнати односи во Пиреја: Вокап бара раскинување на договорот со Олимпијакос, клубот се заканува со тужба!

Американскиот кошаркар со грчки пасош, Томас Вокап (33), побарал раскинување на соработката со Олимпијакос, каде што ги поминал изминатите пет години

Прегледи:

Датум:

Американскиот кошаркар со грчки пасош, Томас Вокап (33), побарал раскинување на соработката со Олимпијакос, каде што ги поминал изминатите пет години.

Како што објави „SDNA“, односите меѓу клубот од Пиреја и Вокап достигнале точка на вриење. Искусниот бек поднесе барање за раскинување на договорот со важност до 2027 година, оспорувајќи ја важноста на последната година од соработката, додека Олимпијакос има сосема поинакво толкување на ситуацијата.

Денес, Вокап писмено го известил Олимпијакос за едностраното раскинување на договорот, барајќи негово итно ослободување без да наведе никаква причина. Клубот категорично нагласува дека неговиот договор е со важност до летото 2027 година и, соодветно на тоа, очекува играчот да се појави во Грција во четврток, 20 август, за закажани лекарски прегледи и тестови за физичка подготвеност. Во спротивно, Олимпијакос го задржува правото да ги преземе сите достапни законски мерки за заштита на своите права – се вели во соопштението на европските шампиони.

„Црвено-белите“ го очекуваат Американецот на состанокот на тимот, закажан за четврток, 20 август. Според нив, пристигнувањето на Вокап во Пиреја е сигурна работа и доколку тоа не се случи, клубот е подготвен да ги повлече сите расположливи правни средства за заштита на своите интереси.

Очигледно е дека ситуацијата стигнала до точка од која нема враќање, а исходот би можел да зависи токму од тоа како контроверзната клаузула за продолжување на соработката ќе биде правно толкувана.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...

„Лајк“ на Роналдо на социјалните мрежи ги разгоре емоциите во Португалија

Сагата околу Кристијано Роналдо и португалската репрезентација продолжува да...

Кејн: Игравме неверојатно од почеток до крај

Англискиот напаѓач Хари Кејн изјави дека е горд на...

Хрватските медиуми го нападнаа Билиќ по „седумката“ од Англија

Хрватските фудбалери претрпеа тежок пораз во натпреварот против Англија...