Палмер незадоволен во Челси, го напушта клубот на лето?

Првотимецот на Челси, Кол Палмер, е незадоволен во клубот и би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ на лето, објавија британските медиуми

Прегледи:

Датум:

Првотимецот на Челси, Кол Палмер, е незадоволен во клубот и би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ на лето, објавија британските медиуми.

Палмер има тешка сезона во Челси, се бори со формата и повредите, но и поради промената на тактиката. Се верува дека овие промени го ограничиле неговото влијание на теренот, што придонело за неговото незадоволство во последните месеци.

За англискиот репрезентативец се заинтересирани голем број европски клубови, а Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен ја следат ситуацијата.

И покрај неизвесноста, Челси го гледа Палмер како клучен играч во проектот и не сака да го продаде.

Тој има долгорочен договор со лондонскиот тим. Палмер се пресели на „Бриџ“ од Манчестер Сити во 2023 година, а веќе одигра 122 натпревари, постигна 53 гола и ја освои Лигата на конференцијата и Светското клупско првенство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...