Шкендија беше поразена со 2:1 од шкотскиот тим Хибернијан во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА што се одржа во Единбург. „Црвените“ се најдоа во негатива по голот на Лоу во 74-тата минута. Реакцијата дојде веднаш, кога Ѓорѓиевски го израмни резултатот на 1:1 во 76-тата минута по асистенција од Зејнулаи. Сепак, домашните успеаја да запишат победа по голот на О’Хора во 90-тата минута.
И покрај овој минимален пораз, судбината на квалификациите останува целосно отворена за реваншот што ќе се игра следниот четврток во Скопјe.
„Мислам дека со она што двата тима го дадоа на теренот денес, можеше да биде вистинскиот резултат, но како што дојде, со таков удар на крајот, ни е жал бидејќи можеше да се избегне. Но, бидејќи има реванш натпревар, тоа е елиминациски натпревар, дефинитивно ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од него во Скопјe. Мислам дека момците дадоа сè од себе. Имавме проблеми во одбранбената фаза во првото полувреме, што мислам дека го избегнавме во второто полувреме поради фактот што на левото крило не беше природна улога на Зејнулаи, туку дека тој се жртвуваше за тимот. И со повеќе концентрација, мислам дека можевме да излеземе непоразени тука. Но, со она што тимовите го дадоа на теренот, можеше да биде фер резултат, но фактот дека падна гол е навистина разочарувачки за нашиот тим.“
За влијанието на временските услови во Скопје, Положани вели дека би можело да биде еден вид предност, но знае дека има силен противник пред нив и дека дефинитивно мора да се влеземе максимално, за да се извлече максимумот.
„Вообичаено, според искуството што го имав во минатото како фудбалер, шкотските тимови имаа проблеми со временските услови, но не мислам дека тоа би можело да биде проблем. Она што морам да го кажам е дека мора да си ја завршиме работата и задачите што ќе ги дадеме за реваншот, дека дефинитивно ќе се обидеме да се квалификуваме во следната рунда и тоа би било фантастично за момците, за клубот и за персоналот.“, порача тој
За формата на Ѓорѓиевски вели дека е среќен, бидејќи тој се приклучил доцна на тимот и неговата физичка состојба не е идеална.


