Маурисио Покетино потпиша договор со Манчестер Јунајтед и ќе ја преземе функцијата нов тренер на англиските гиганти, објавува фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Аргентинскиот стручњак со тоа започнува нова епизода во својата тренерска кариера, а пред него е голем предизвик – враќањето на „црвените ѓаволи“ на самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.
🚨🔴 Mauricio Pochettino has signed his contract as new Manchester United head coach. https://t.co/7vGMDMoamB
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 13, 2026
Покетино има богато искуство во Премиер лигата, каде што успешно ги водеше Саутемптон и Тотенхем. Неговиот период во лондонскиот клуб, со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година, е особено незаборавен. Тој ги водеше и Челси.
Неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ означува почеток на нов проект, а навивачите на Манчестер Јунајтед со голем интерес ги очекуваат првите потези на аргентинскиот стручњак.
Едно од најважните прашања ќе биде иднината на некои играчи од првиот тим, особено капитенот Бруно Фернандеш, чиј статус во клубот е сè уште под знак прашалник поради преговорите за нов договор.


