Шокантно признание на поранешна француска министерка: Ни беше наредено да ги прекинеме контролите за допинг пред СП 1998

Речиси три децении по Светското првенство во 1998 година во Франција, каде што домашната репрезентација ја освои својата прва светска титула, се појавија обвинувања кои ја потресоа спортската заедница

Прегледи:

Датум:

Речиси три децении по Светското првенство во 1998 година во Франција, каде што домашната репрезентација ја освои својата прва светска титула, се појавија обвинувања кои ја потресоа спортската заедница.

Поранешната француска министерка за спорт, Мари-Жорж Бафет, призна во документарецот „Зидан, фабриката на легендите“, емитуван на BFMTV, дека ѝ било наредено да ги прекине ненајавените контроли за допинг врз играчите на репрезентацијата пред Светското првенство за да не се нарушат подготовките на репрезентацијата.

Според италијанскиот „Газета дело Спорт“, признанието на Бафет го променило нејзиниот претходен став. Имено, уште во 2013 година, таа под заклетва тврдела пред комисија на Сенатот дека никогаш не издала таква наредба.

„Никогаш не дадовме никакви инструкции во таа смисла“, рече таа во тоа време.

Сепак, во новиот документарец, таа ги опиша настаните од 1997 година, кога за време на подготовките на француската репрезентација во Тиње беше спроведена ненајавена допинг контрола.

Тогашниот селектор Еме Жаке и репрезентацијата реагираа бурно на доаѓањето на антидопинг службата, сметајќи дека на овој начин е нарушен мирот на тимот во пресрет на Светското првенство. Француската фудбалска федерација, исто така, изрази незадоволство.

Ален Гарние, поранешен доктор кој беше испратен во Тиње од Министерството за спорт за да ги спроведе контролите, исто така зборува во документарецот.

„Усно ми беше наредено да не се мешам во работата на репрезентацијата до почетокот на Светското првенство. Ова значеше дека нема повеќе ненајавени допинг контроли“, рече Гарние, додавајќи дека наредбата дошла од канцеларијата на тогашниот премиер.

Новото признание на поранешната министерка е во спротивност со нејзините претходни изјави и повторно го отвора прашањето за транспарентноста на антидопинг процедурите во пресрет на Светското првенство, кое Франција го доби со победа од 3-0 над Бразил во финалето.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Џејмс објасни зошто го избрал Ефес: Сакам да се борам за трофеи

Еден од најголемите трансфери ова лето во Евролигата е...

🎬Едвардс за Леброн: Неговите колена не можеа да го издржат студот

Ентони Едвардс уште еднаш покажа дека нема НБА ѕвезда...

Првиот список на Чави носи очекувани промени кај „лалињата“

Чави Ернандез (46) го објави списокот на играчи за...

Селекторот на Португалија донесе одлука за Роналдо

Новиот селектор на Португалија, Жорге Жезус, денес го објави...