Сонот на „топџиите“ станува реалност: Арсенал на чекор до титула во Премиер лигата по нова победа

Фудбалерите на Арсенал го победија Барнли со минимални 1:0 во 37-то коло од англиската Премиер лига и со овој триумф пред своите домашни навивачи се доближија само на чекор до освојување на шампионската титула!

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Арсенал го победија Барнли со минимални 1:0 во 37-то коло од англиската Премиер лига и со овој триумф пред своите домашни навивачи се доближија само на чекор до освојување на шампионската титула!

Со овие три бода, Арсенал стигна до вкупно 82, што е пет повеќе од Манчестер Сити, кој утре го игра својот натпревар и доколку не победат, „топџиите“ веќе официјално ќе станат шампиони.

Доколку Сити сепак победи во тежок натпревар на гости кај Борнмут, на Арсенал ќе му треба и победа во последното коло против Кристал Палас на гости, додека во исто време Сити ја пречекува Астон Вила.

Доколку вечерва остварија победа со поголема гол-разлика, на Арсенал веројатно ќе му беше доволен нерешен резултат со Палас за титулата.

Херој на победата на Арсенал вечерва беше Каи Хаверц, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 37-та минута.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Серена и Венус елиминирани откако водеа 5-0 во шампионскиот тајбрејк

Враќањето на Серена и Венус Вилијамс како двојка на...

Циципас се пласира во првото осминафинале на УС Опен

Стефанос Циципас го победи 18-тиот носител Јиржи Лехечка со...

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...