„Татиниот син“ клучен во дербито на Мадрид

Џулијано Симеоне не постигна ниту еден од двата гола на Атлетико Мадрид во најновото издание на шпанското дерби со Реал Мадрид, но 23-годишниот Аргентинец заслужи и доби високи оценки за својот придонес во триумфот на „јорганџиите“

Прегледи:

Датум:

Џулијано Симеоне не постигна ниту еден од двата гола на Атлетико Мадрид во најновото издание на шпанското дерби со Реал Мадрид, но 23-годишниот Аргентинец заслужи и доби високи оценки за својот придонес во триумфот на „јорганџиите“.

Со оглед на тоа што на него беше направен пеналот, по чие изведување домашниот тим дојде до предност, а потоа со совршено додавање, му намести на соиграчот за вториот, одлучувачки гол за „црвено-белите“. А приказната за придонесот на синот на тренерот Диего Симеоне не завршува тука.

Прецизните статистичари ги обезбедија следните бројки како доказ дека помладиот член на познатото фудбалско семејство од Аргентина не е играч на Атлетико поради непотизмот на неговите родители, туку затоа што има квалитети за тоа. Уште повеќе, откако порасна во младинската академија на мадридскиот гигант, Џулијано дел од својата кариера го помина во други средини, сè додека не се врати во Атлетико.

Поточно, Симеоне помладиот против „кралевитете“ имаше: 64 допири со топката, 31 успешно додавање од 41 обид, седум одбранбени придонеси, седум добиени дуели, пет допири со топката во противничкиот шеснаесетник, четири победи преку стартови, три победи во посед, два изнудени фаули, еден успешен дриблинг, еден шут и една создадена шанса.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Порзингис се пензионира на 31 година: Телото не реагираше како што очекував

Латвискиот кошаркар Кристапс Порзингис го објави своето пензионирање од...

Дончиќ израмни рекорд на Чемберлен

Брилијантниот Лука Дончиќ постигна 53 поени и постигна клучен...

Манчестер Јунајтед ќе биде без Балеба неколку недели

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба,...