Тренерот на АСВЕЛ, Тони Паркер неодамна даде интервју за „First Team“ во кое зборуваше на многу теми, и како што вели, неговиот проект делумно пропаднал поради Монако.
„Мислам дека едноставно ја плаќаме цената за последиците од Монако. Мислам дека Национална дирекција за контрола на управувањето (DNCCG) навистина не сакаше да презема никакви ризици со проект од ваков обем. И така, за време на разговорот, добив одобрение од фондот да ги продолжам преговорите, бидејќи никогаш не би го направил сето ова ако немав одобрение и ако сè не беше потврдено. Никогаш, ама баш никогаш не би го направил тоа. Проектите како овој бараат време бидејќи потоа се вклучуваат адвокати, а има 50.000 работи што треба да се направат. И со сите тие барања, така да се каже, и гаранциите што ги побара DNCCG, не бевме во можност да завршиме сè и да го финализираме на време за да го спроведеме проектот што првично требаше да го направиме“.
Пакер беше прашан за гласините дека фондот „Buss Sports Capital“, управуван од Џои и Џеси Бус, потенцијално би можел да инвестира во АСВЕЛ. Тренерот беше краток кога зборуваше за ситуацијата.
„Разговорите беа повеќе од напредни. После тоа, не можам да навлегувам во премногу детали за работите што се случија. Но да, не е тајна дека тие доаѓаа во Лион и дека ова се луѓето со кои преговараме.“
Потоа Пакер откри дека АСВЕЛ планира да се врати на својот амбициозен проект за сезоната 2027/28.
„Тоа е целта. И затоа понекогаш се чувствувате како да е малку неправедно кога ќе погледнете сè што се случува и сè што се кажува.“
Специјална тема беше Силван Франциско, играч кој требаше да биде апсолутна ѕвезда на АСВЕЛ.
„Силван беше неверојатен. Пред се, фактот дека тој веруваше во мојот проект, се врати во Франција и сакаше да ѝ помогне на француската кошарка. На некој начин, имавме ист сон: едноставно да видиме како француски клуб ја освојува Евролигата. И вистина е дека тој телефонски повик не беше лесен, му се јавив и му кажав дека, во основа, сè се одложува за една година. Вистина е дека тој дури беше спремен да чека подолго. Но, не сакав да ризикувам ништо затоа што на 28 години, потпишувањето таков договор е практично договор на животот за него. Мислам дека тој сака да ѝ помогне на француската кошарка. Па ќе видиме што ќе се случи за една година“, заклучи Паркер.


