Уапсен легендарен хрватски фудбалер

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК).

Прегледи:

Датум:

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК).

Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам во Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија.

Шимиќ е осомничен за нелегално добивање на потребните дозволи за камп во Тисно преку Ливљаниќ. „Јутарњи лист“ додава дека Ливљаниќ веќе е приведена по слични обвиненија.

Шимиќ е поранешен хрватски репрезентативец, за кого одигра 100 натпревари помеѓу 1996 и 2008 година. Тој беше дел од „ватрените“ кои го освоија третото место во светот на Светското првенство во 1998 година.

За време на неговата кариера, тој играше за Динамо, Интер, Милан и Монако. Двапати го крена трофејот од Лигата на шампионите со „росонерите“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...