Ван Дајк ќе разговара за иднината во репрезентацијата со новиот селектор Чави

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, ќе одржи клучен состанок со новоназначениот тренер Чави Ернандез за да ја одреди неговата идна улога во тимот. Централниот бек на Ливерпул изрази цврста намера да продолжи да игра за својата земја и да ги води до ЕП 2028

Прегледи:

Датум:

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, ќе одржи клучен состанок со новоназначениот тренер Чави Ернандез за да ја одреди неговата идна улога во тимот. Централниот бек на Ливерпул изрази цврста намера да продолжи да игра за својата земја и да ги води до ЕП 2028.

Сепак, замената на Роналд Куман со Чави на чело на „лалињата“ го доведе во прашање статусот на 35-годишниот ветеран. Според информациите од „The Athletic“, Ван Дајк ја презел иницијативата за состанок, кој се очекува да се одржи во наредните недели. Двајцата веќе имале краток контакт за време на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид, кој Чави го гледаше во живо од трибините на „Енфилд“.

Самиот Ван Дајк, кој влегува во последната година од договорот со клубот од Мерсисајд, е уверен во својата способност да придонесе за тимот.

„Чувствувам дека сè уште можам да бидам корисен и важен за тимот“, рече дефанзивецот за своите меѓународни перспективи.

Тој се надева дека неговата визија за иднината ќе се совпадне со онаа на шпанскиот стручњак. „Ако сме на исто мислење по ова прашање, имаме две добри години пред нас до Евро 2028. А ако не, тогаш ќе видиме“, додаде Ван Дајк, оставајќи ја вратата отворена за каков било развој на настаните.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ГФК Тиквеш со реакција до ФФМ: Ги отфрламе сите сомнежи дека сме фалсификувале документи за кој било фудбалер

ГФК Тиквеш во реакција на соопштението на Фудбалската Федерација...

Тевез: Сакав да го убијам Невил, Фергусон ме предаде и ме излажа, отидов во Сити за одмазда

Карлос Тевез важеше за еден од најдобрите напаѓачи во...

Леклерк дели врвен рекорд со Сена во Мексико

Статистиката на Формула 1 покажува дека во последните 15...