Винисиус го прекина молкот: Чувството на разочарување е огромно, ве молам за прошка

Пет дена откако Бразил беше елиминиран од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство, Винисиус го прекина молчењето. Тој го стори тоа со писмо објавено на социјалните мрежи, придружено со црно-бела фотографија од себе како лежи на тревата, скршен по последниот свиреж

Прегледи:

Датум:

Пет дена откако Бразил беше елиминиран од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство, Винисиус го прекина молчењето. Тој го стори тоа со писмо објавено на социјалните мрежи, придружено со црно-бела фотографија од себе како лежи на тревата, скршен по последниот свиреж. Напаѓачот на Реал Мадрид, кој беше главна фигура во нападот на Канаринците за време на турнирот со три гола и две асистенции, реши да им се обрати на навивачите по неколку дена размислување.

На натпреварот против Норвешка, при резултат 0-0, на Бразил му беше дадено право да изведе пенал, но Винисиус не ја понесе одговорноста. Тоа му беше доверено на Бруно Гимараеш, назначен за изведувач од тренерскиот штаб на Анчелоти, кој на крајот промаши против норвешкиот голман. По натпреварот, Винисиус појасни во микс зоната дека не избегал од одговорност, туку едноставно ја почитувал одлуката донесена однапред од тренерскиот тим.

„Речиси четири години подоцна, повторно размислувам што да напишам по разочарувањето на Светското првенство. Видов толку многу луѓе од сите возрасти како ме поддржуваат и го прифаќаат нашиот сон и би било неправедно да молчам. Но, ми требаа неколку дена да размислам“, напиша Винисиус.

„Носењето на дресот на репрезентацијата е најголемата гордост во мојот живот, а елиминирањето во осминафиналето на Светското првенство е чувство кое е многу тешко може да се објасни. Знам колку се подготвував, колку бев фокусиран и колку го сакав ова за вас и за моето семејство. Чувството на разочарување е огромно. Имавме доволно силен тим за да одиме многу подалеку, но не успеавме. Ве молам за прошка и ќе се борам за нашиот сон да се вратиме на врвот на светот“, додаде тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...