Враќање по три години – Италија најде селектор

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, вели дека Роберто Манчини наскоро треба да стане ново-стар тренер на „азурите“

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, вели дека Роберто Манчини наскоро треба да стане ново-стар тренер на „азурите“.

По добиеното „не“ за Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторник се одржа итен состанок на Федерацијата.

„Разговарав со Роберто Манчини за тоа како да стане нов тренер. Чекаме негов потпис“, рече Малаго.

Манчини веќе еднаш беше тренер, од 2018 до 2023 година, кога замина и набрзо ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Тој го освои Европското првенство во 2021 година со „азурите“.

По Саудиска Арабија, тој го водеше само катарскиот Ал-Сад, кој неодамна го напушти.

Манчини е тренер две и пол децении. Тој ги водеше Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај, повторно Интер, Зенит.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Синот на Шумахер во новиот документарец: „Би дал сè само да…“

На почетокот на октомври, Нетфликс објави нов документарец „Schumacher...

🎥 Вавринка ја заврши славната кариера пред домашната публика

Швајцарската и светска тениска легенда, Стан Вавринка, официјално ја...

Гасперини: Правиме грешки, но младите играчи имаат многу талент

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, беше исклучително задоволен...

Гатузо: Прашање на време е кога ќе изгубиме, важно е како ќе реагираме

Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, остана критичен кон играта...