Зидан пет години ги чекал „триколорите“: Ги одбив сите понуди за оваа работа

Зинедин Зидан беше официјално претставен како нов селектор на француската репрезентација, започнувајќи го својот мандат во Париз на клупата на „триколорите“ како наследник на Дидие Дешан

Прегледи:

Датум:

Зинедин Зидан беше официјално претставен како нов селектор на француската репрезентација, започнувајќи го својот мандат во Париз на клупата на „триколорите“ како наследник на Дидие Дешан.

Легендарниот француски стручњак потпиша четиригодишен договор со Француската фудбалска федерација, а за време на презентацијата откри дека со години чекал можност да ја преземе репрезентацијата.

Претседателот на Федерацијата, Филип Дијало, изјави дека ги имал првите разговори со Зидан уште во февруари 2025 година, кратко откако Дешан објави дека ќе ја напушти селекторската позиција по Светското првенство во 2026 година.

На почетокот на конференцијата, Зидан испрати порака за поддршка на пожарникарите кои се борат со големите шумски пожари во југозападна Франција, а потоа му се заблагодари на својот претходник за сè што направил за репрезентацијата.

Неговиот говор за неговата тренерска иднина и петгодишната пауза по напуштањето на Реал Мадрид привлече особено внимание.

„Ги одбив сите понуди поради француската репрезентација, бидејќи тоа е единствената работа што сакав да ја работам по моето искуство во Реал Мадрид. Единственото нешто што ме мотивира е можноста да работам со овој тим и тој да продолжи да победува“, рече Зидан.

Трократниот освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид додаде дека денот на неговото претставување како селектор на Франција бил најдобриот момент во неговата тренерска кариера.

Зидан сега има задача да го продолжи успешниот период обележан со Дидие Дешан на чело и да се обиде да ја води Франција до нови трофеи во следниот четиригодишен циклус.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Обрадовиќ го носи Вестбрук во Атина ?!

Панатинаикос продолжува да составува тим за новата сезона, а...

Шпански новинар: Винисиус користи тактики што Реал Мадрид ги презира

Винисиус Жуниор (26) доби сериозно предупредување дека неговите тактики...

Освојувачот на „Златната топка“ отфрлил понуда од Саудиска Арабија

Напаѓачот Усман Дембеле ја отфрлил можноста за трансфер во...

Шекил О’Нил: Ембиид ќе доминира и ќе биде подобар од Јокиќ следната сезона

Членот на Куќата на славните, Шакил О'Нил, го сподели...