Покетино не се согласува за црвениот картон на Балогун: Тоа беше дуел, се бореа за топката

Селекторот на САД, Маурисио Покетино, го изрази своето несогласување со црвениот картон што му беше покажан на Фоларин Балогун на натпреварот против Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето на Светското првенство во 2026 година. Американскиот стрелец беше исклучен по интервенцијата на ВАР затошто стапна на глуждот на Тарик Мухаремовиќ.

Прегледи:

Датум:

„Според мене, ова не е црвен картон. Немаше намера да се стапне на ногата на противникот. Ако има намера да се повреди противникот – тогаш се согласувам, го разбирам тоа“, рече Покетино по натпреварот.

„Сепак, во овој случај тоа беше само дуел, во кој играчите се бореа за топката, а нивните нозе слетаа на тревата, нели?“, додаде аргентинскиот стручњак.

Покетино беше прашан и за слична ситуација на натпреварот помеѓу Аргентина и Алжир (3:0), во кој Лионел Меси избегна казна за слична акција.

„За мене, во двата случаи, нема причина за црвен картон“, беше категоричен селекторот.

Поради суспензијата, Фоларин Балогун ќе го пропушти осминафиналниот натпревар на САД против Белгија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...