Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, го коментираше претстојниот осминафинален натпревар од Светското првенство против Шпанија. Натпреварот ќе се одржи денес во 21:00 часот по наше време.
„Тие имаат многу исклучителни и технички добро потковани играчи… Мора да продолжиме да бараме начини да ги решиме проблемите. Треба да настапиме на највисоко ниво. Во оваа смисла, не бевме во најдобра форма во последните три натпревари“, рече Рангник.
„Веќе игравме против актуелните светски шампиони (Аргентина), а сега ќе се соочиме со актуелните европски шампиони. Немаме што да изгубиме, но можеме многу да добиеме“, додаде германскиот стручњак.
Австрија се квалификуваше за шеснаесетфиналето по драматичното реми од 3:3 против Алжир во последното коло од групната фаза.


