Бразил се пласираше во осминафиналето на СП 2026, но со многу повеќе драма од очекуваното. Тимот на Карло Анчелоти ја победи Јапонија едвај во судиското продолжение со 2-1 , но впечатокот не беше убедлив.
Јапонците поведоа, го држеа Бразил во страв долго време и го принудија еден од фаворитите на турнирот да се спаси во завршницата.
Додека бразилските медиуми пишуваа за тешка вечер, нервоза и победа што дојде „за влакно“, Анчелоти се обиде да го смири тонот по натпреварот.
„Игравме добро, заслуживме да победиме. Тимот не го изгуби трпението, беа добри и во првото полувреме. Натпреварот беше прекрасен, во второто полувреме изнудивме малку повеќе центрирања и на крајот се функционираше“, рече Анчелоти.


