🎬Трагични сцени: Тренерот на ДР Конго дозна за смртта на својот татко за време на прес-конференција

Тренерот на ДР Конго, Себастијан Десабр, доживеа исклучително тежок момент по поразот од Англија на Светското првенство, кога за време на прес-конференцијата дозна дека неговиот татко починал

Прегледи:

Датум:

Тренерот на ДР Конго, Себастијан Десабр, доживеа исклучително тежок момент по поразот од Англија на Светското првенство, кога за време на прес-конференцијата дозна дека неговиот татко починал.

Додека одговараше на прашања од новинарите по натпреварот, претставник на националниот тим ја прекина конференцијата и ја објави тажната вест.

„Ви благодариме. Сакаме да објавиме дека тренерот го загуби својот татко. Му изразуваме искрено сочувство.“

Прес-конференцијата беше веднаш прекината, а Десабр изгледаше целосно шокиран што веста беше објавена пред присутните новинари. Пред да ја напушти салата, тој само тивко рече: „Ви благодариме.“

Тимот на ДР Конго претходно беше поразен од Англија со резултат од 2:1 во осминафиналето на Светското првенство. Херој на „Гордиот Албион“ беше Хари Кејн, кој со два гола ја одведе Англија во осминафиналето, каде што ќе игра против Мексико.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Барела: Треба да постигнувам повеќе голови за Италија

Играчот од средниот ред, Николо Барела изјави дека треба...

Лигата на нации продолжува со нови натпревари од четвртото коло

Четвртото коло од Лигата на нации продолжува со осум...

Алкараз запиша 30 победи шеста сезона по ред

Карлос Алкараз продолжува да демонстрира извонредна конзистентност во светскиот...

Жесус: Ако Кристијано сака да биде во репрезентацијата, нека се врати

Селекторот на Португалија, Жорже Жесус, направи прва анализа по...