Марк Маркез доживеа сериозна несреќа на спринт трката во Ле Ман, а сега доаѓаат лоши вести за шпанскиот возач.
Деветкратниот светски шампион доживеа сериозна несреќа во претпоследниот круг од трката за Големата награда на Франција, откако неговиот Дукати целосно ја изгуби контролата при голема брзина.
Шпанецот летна од седиштето на мотоциклот и прелета преку него пред силно да удри во патеката, а на прв поглед беше јасно дека несреќата не можеше да помине без последици.
AN ABSOLUTELY MASSIVE CRASH for @marcmarquez93 💥
Thankfully he's up on his feet #FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/gyPcleGMFZ
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 9, 2026
По драматичните сцени на патеката, пристигнаа првите информации за неговата здравствена состојба, додека фановите на МотоГП со нетрпение очекуваат подетални извештаи за евентуални повреди.
Шпанскиот возач доби скршеница на стапалото и сега се упатува кон Мадрид за понатамошни прегледи и почеток на закрепнувањето. Првичните проценки се дека Маркез нема да се натпреварува на следната трка закажана за Каталонија.
Some painful moments for @marcmarquez93 😔#FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/5muJCWj6kf
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 9, 2026
За Маркез, ова е само една од низата повреди што ги имаше во последните години.
И покрај ова, тој успеа да освои нова, деветта титула светски шампион минатата сезона.


