🎬📷 ПСЖ направи уште еден трансфер удар

Пари Сен Жермен официјално објави во саботата дека потпишале со 21-годишниот белгиски репрезентативец Мика Годес од Ајакс. Играчот потпиша петгодишен договор до јуни 2031 година за сума проценета на 55 милиони евра и ќе го носи дресот со број 22

Прегледи:

Датум:

Пари Сен Жермен официјално објави во саботата дека потпишале со 21-годишниот белгиски репрезентативец Мика Годс од Ајакс. Играчот потпиша петгодишен договор до јуни 2031 година за сума проценета на 55 милиони евра и ќе го носи дресот со број 22.

Потпишувањето на младиот Белгиец, кое се очекуваше неколку дена, означи зафатен ден на трансфер пазарот за парискиот клуб. Само неколку часа по објавувањето на доаѓањето на светскиот шампион Феран Торес од Барселона, двократниот европски шампион ја потврди аквизицијата на Годс.

Крилниот напаѓач, кој има два настапи за белгиската репрезентација, пристигнува во Париз по одличната сезона во Ередивизие, каде што постигна 17 гола и имаше 12 асистенции. Годс е во добра физичка состојба, играјќи во првите три квалификации за Лигата на конференциите на УЕФА со Ајакс, како и во првиот натпревар од холандското првенство против ПЕК Цволе (2:0).

„Исклучително сум горд што се приклучувам на еден од најдобрите клубови во светот. Едвај чекам да ги носам овие бои, да го видам „Паркот на принцовите“ и неговите навивачи. Ќе дадам сè од себе на теренот за да ја оправдам довербата што ми ја дадоа претседателот Насер Ал-Келаифи, Луис Кампос и тренерот Луис Енрике“, изјави тој за клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тоти: Рома можеше да покаже повеќе почит, многумина живееја од мојата слава

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти во емотивно телевизиско интервју...

Мареска: На Сити му беше потребно ресетирање по ерата на Гвардиола

Новиот менаџер на Манчестер Сити, Енцо Мареска, верува дека...

На навивачите на Арсенал им олесни – повредата на Раја не бара операција

Арсенал избегна сериозен удар по повредата на Давид Раја,...