📸📽️ Шпански новинар: „Сè е наместено Реал да ја освои титулата, Барселона да се повлече од Ла Лига“

Барселона неочекувано загуби на гостувањето кај Џирона, со што му го отстапи првото место на табелата на Реал Мадрид, кој сега има два бода предност на врвот.

Прегледи:

Датум:

Барселона неочекувано загуби на гостувањето кај Џирона, со што му го отстапи првото место на табелата на Реал Мадрид, кој сега има два бода предност на врвот.

Се крена прашина околу победничкиот гол на Белтран, откако каталонскиот клуб верува дека Жил Кунде бил фаулиран пред голот на Џирона на почетокот од акцијата.

Судијата Сото Градо не се огласи, ниту пак од VAR собата, па Барселона доживеа неочекуван.

Шпанскиот новинар Јота Жорди жестоко реагираше во емисијата „Ел Чирингито“ и дури ја повика Барселона „да се повлече од лигата, бидејќи е наместено Реал да ја освои Ла Лига“.

„Ова е неподносливо, сè е наместено за Реал да победи. Флик, извади ги сите! Ајде да излеземе од теренот. Напуштете го теренот! Ова е срамно“, сподели Жорди во преносот во живо, па додаде:

„Оваа година заврши. Да бев претседател на Барселона, повеќе немаше да се натпреваруваме во оваа лига. Дојде денот сите членови, сите навивачи на Барселона, да кажат „доста е“. И навистина да побараат оваа лига да се напушти. Крај. Зборувам за целата сезона.“

Нагласи дека Барселона е навикната на вакви ситуации.

„Ние во Барселона сме навикнати на она што го доживуваме, вака е веќе 120 години. Тие нема да дозволат Реал Мадрид да не ја освои титулата две години по ред. Она што се случува оваа сезона е бесрамно. Се повторува коло по коло“, рече Жота и заклучи:

„Веќе ја изгубивме титулата, нема да ни дозволат да ја освоиме. Не сакаа да го досудат овој фаул. Ако не досудат фаул, тоа е затоа што не сакаат. Да беше до мене, ќе издадов соопштение во кое ќе кажам: „ФК Барселона ја напушта оваа лига“, заклучи Жота.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Трансферот е факт: Челси потпиша со Морган Роџерс за рекордна сума

Челси официјално го потврди потпишувањето со крилниот напаѓач Морган...

Рафа Леао го избриша Милан од својот профил, спремен е да замине во Турција

Милан се обидува да најде купувач за Рафаел Леао...

Пресврт: Родри се приближува до Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид го промени својот став за...

Ромеро е подготвен да се приклучи на Интер, но високата цена е проблем

Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е желен да се...