Новиот селектор на Белгија, Марк ван Бомел, изјави дека не се двоумел да ја прифати работата кога му била понудена.Поранешниот холандски репрезентативец го замени Руди Гарсија и рече дека воопшто не жали што не чекал за тренерската позиција во својата татковина.
„Дали сакав да продолжам да чекам за тренерската позиција во Холандија? Не, воопшто не. Дури и не помислив на тоа. За секој тренер, една од најдобрите можности е да тренира национален тим. Работите со најдобрите играчи, а нема многу други земји со квалитет на играчи каков што има Белгија. Среќен сум што сум тука. Работата за национален тим е различна од работата за клуб, но мислам дека ми одговара“, изјави на прес-конференција поранешниот играч на ПСВ Ајндховен и Баерн Минхен.
Welcome to your new home, Mark. 😍 pic.twitter.com/YU6D9W5DCn
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) August 7, 2026
„Имав и други понуди во последните две години, но ниту една од нив не ме убеди. Сè се случи многу брзо овде. Чест ми е да ја водам Белгија. Секој тренер сака таква можност“, додаде 49-годишниот Ван Бомел.
На Светското првенство ова лето, Белгија стигна до четвртфиналето, каде што загуби со 2-1 од подоцнежните шампиони Шпанија. „Црвените ѓаволи“ беа единствениот тим на целиот турнир што постигна гол против Шпанија.
Дебито на Ван Бомел како селектор на Белгија ќе биде во Лигата на нации против Италија на 25 септември во Рим. Потоа тимот ќе одигра уште два натпревари против Турција и еден против Франција во рок од две недели.


