🎬 Асистенција на Јокиќ прогласена за најдобра во сезоната

Асистенцијата на Никола Јокиќ до Пејтон Вотсон во натпреварот на Денвер против Мемфис беше прогласена за најдобра во минатата сезона, според изборот на навивачите

Прегледи:

Датум:

Асистенцијата на Никола Јокиќ до Пејтон Вотсон во натпреварот на Денвер против Мемфис беше прогласена за најдобра во минатата сезона, според изборот на навивачите.

По еден влез во рекетот, без да погледне, Јокиќ ја испрати топката до Вотсон, кој остана сам и лесно постигна кош.

Тој потег уште еднаш покажа зошто Јокиќ се смета за еден од најдобрите додавачи во историјата на НБА.

Србинот ја освои и наградата за асистенција на годината минатата година во рамките на платформата каде што гласаат навивачите – „ID fan favorites NBA“.

Српскиот центар одигра 65 натпревари во дресот на Денвер Нагетс минатата сезона, со просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...