Биберовиќ одби милиони од Америка

Промените во кошарката на NCAA и зголемената моќ на договорите NIL, преку кои универзитетите можат да издвојуваат огромни суми за играчи, целосно го променија балансот на моќ и го направија американскиот колеџ систем сè попривлечен за европските таленти.

Прегледи:

Датум:

Промените во кошарката на NCAA и зголемената моќ на договорите NIL, преку кои универзитетите можат да издвојуваат огромни суми за играчи, целосно го променија балансот на моќ и го направија американскиот колеџ систем сè попривлечен за европските таленти. Во последните сезони, сè повеќе млади кошаркари од Стариот континент одлучија да ги продолжат своите кариери во САД, но како што објавува „Еurohops“, една од најголемите „мамки“ на NCAA сепак не успеа да ги промени плановите на Тарик Биберовиќ.

Според овие информации, Универзитетот LSU понудил на турскиот репрезентативец договор вреден дури седум милиони долари по сезона, но крилниот напаѓач одлучил да ја одбие понудата и да остане во Фенербахче, фокусиран на крајот на сезоната и борбата за нови трофеи. Биберовиќ веќе беше на радарот на НБА тимовите минатото лето, кога имаше сериозни понуди од најсилната лига во светот, но потоа одлучи да ја продолжи соработката со клубот од Истанбул.

Иако интересот од НЦАА беше конкретен и финансиски исклучително силен, моменталните планови на 25-годишниот кошаркар не вклучуваат одење на американски колеџ. Како што стојат работите, одлуката за следниот чекор во неговата кариера треба да се донесе во текот на летото, кога ќе избере помеѓу останување во Фенербахче и евентуално влегување во НБА.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...