„Тоа беше фаул“: Артета за контроверзната одлука што доведе до победа на Арсенал над Вест Хем

Арсенал го победи Вест Хем со 1-0 во 36-то коло од Премиер лигата. Сепак, овој натпревар ќе има и трето полувреме, но надвор од теренот бидејќи ќе има многу разговори за поништениот гол на „Чеканите“.

Прегледи:

Датум:

Арсенал го победи Вест Хем со 1-0 во 36-то коло од Премиер лигата. Сепак, овој натпревар ќе има и трето полувреме, но надвор од теренот бидејќи ќе има многу разговори за поништениот гол на „Чеканите“.

Имено, Калум Вилсон постигна гол во петтата минута од судиското продолжение за голема прослава на трибините на „Лондон стадион“. Сепак, по долга консултација со своите колеги од ВАР собата, судијата Крис Кавано отиде да го погледне видеото и донесе одлука да го поништи голот откако процени дека Жан-Клер Тодибо го фаулирал голманот на „топџиите“ Давид Раја.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се огласи поради ова, пофалувајќи ја одлуката на главниот судија.

– Понекогаш бев критичен кон судиите или се сомневав во нивната доследност. Денес донесоа храбра одлука. Кога ќе го погледнете, многу е јасно дека тоа беше фаул и правилна одлука. Затоа, ви благодарам – рече Артета.

Оваа одлука би можела да го испрати Вест Хем во Чемпионшип, а исто така да го остави Манчестер Сити без титулата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...