Говенс го напушти ТФТ за Работнички

Дарин Говенс е нов член на КК Работнички и големо засилувања за сезоната 2026/27

Прегледи:

Датум:

Дарин Говенс е нов член на КК Работнички и големо засилување за сезоната 2026/27.

Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје.

Во својата кариера беше прогласен за MVP на Унгарската лига (2017), ја освои шампионската титула во Унгарија (2019) и настапуваше за репрезентацијата на Унгарија.

Во минатата сезона на 26 одиграни средби просечно бележеше 11,3 поени, 3,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар.

Говенс е висок 185 см, настапува на позицијата плејмејкер, покрај тоа ја покрива и позицијата бек шутер.

Важи за искусен организатор на играта, одличен шутер и вистински лидер на теренот, стои во соопштението на Работнички.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ФИБА Еврокуп: Нов пораз на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја нов пораз во ФИБА...

📽️ Лацио постигна шест гола против Сасуоло, тимот на Гатузо привремено на врвот во Серија А

Лацио го победи Сасуоло со 6-2 во спектакуларен натпревар...

🎬 Црвена Звезда го декласираше Макаби, Барселона славеше во Минхен во тесна завршница

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Макаби Тел Авив...

🎥 Зверев и Алкараз се изнамачија, но продолжуваат напред во Виена

Првиот носител Александар Зверев се пласираше во второто коло...