„Крвта не е вода“: Петровски продолжува со Работнички

КК Работнички АД Скопје соопшти дека Лука Петровски го продолжи договорот и ќе ги брани боите на Работнички и во претстојната сезона

Прегледи:

Датум:

КК Работнички АД Скопје соопшти дека Лука Петровски го продолжи договорот и ќе ги брани боите на Работнички и во претстојната сезона.
„Со својата пожртвуваност, борбеност, снаодливост и тимски дух, Лука претставува значаен дел од нашиот состав. Секогаш подготвен да го даде својот максимум на теренот, тој и во наредната сезона ќе биде дел од црвено-белото семејство“, велат од клубот од „Градски парк“.
Лука ја продолжува познатата и мошне успешна, повеќе генерациска, семејна лоза на Петровски во КК Работнички. Одлични кошаркари во Работнички беа и неговиот татко Слободан Петровски поранешен А-репрезентативец на Македонија (во младите категории на Работнички), кој е син на Цветан-Куко Петровски своевремено еден од најдобрите кошаркари на Работнички, стои во известувањето на клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Леброн во елемент: Филаделфија го победи шампионот по втор пат оваа сезона

Леброн Џејмс има 41 година, ја игра својата 24-та...

🎥Кари го надигра Дончиќ во историски пресврт, Лејкерси ја намалија предноста од 25 поени

Голден Стејт Вориорс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со...

Барселона затвора трибина по напад врз Камавинга во „Ел Класико“

Барселона одлучи да ги суспендира организираните навивачки групи од...

Официјално: Кејн го победи Мбапе со само 28 поени

Списанието „Франс фудбал“ ги објави официјалните резултати од гласањето...