Македонија го одработи официјалниот тренинг пред дуелот со Луксембург, Сестина пред деби

Кошаркарската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг во салата „Национален центар за спорт и култура“ во Луксембург, каде утре (16.00 часот) ќе се одигра натпреварот од шестото и последно коло од претквалификациската група „А“ за пласман на Евробаскетот 2029.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг во салата „Национален центар за спорт и култура“ во Луксембург, каде утре (16.00 часот) ќе се одигра натпреварот од шестото и последно коло од претквалификациската група „А“ за пласман на Евробаскетот 2029.

Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да го комплетираат овој квалификациски циклус со максимален број победи.

Стручниот штаб за гостувањето во Луксембург располага со скратен ростер. Поради претходно познати причини, во составот не се Андреј Јакимовски, кој има приватни обврски, Марко Луканоски, кој е со репрезентацијата до 20 години, како и Ди-Џеј Стјуард.

Нивното отсуство отвора можност за репрезентативно деби на Нејт Сестина. Натпреварот во Луксембург би можел да биде негов прв официјален настап во дресот на македонската сениорска репрезентација.

Пред овој натпревар, првото место во групата и пласманот во втората рунда од претквалификациите веќе се обезбедени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Неочекуван крај – Медведев дисквалификуван, Ѓоковиќ се пласираше во финалето во Пекинг

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев приредија вистински тениски спектакл...

Империјата на UFC се распаѓа одвнатре, вели Пауло Коста

Пауло Коста повторно остро ги критикуваше UFC и Дана...

Лехечка против Алкараз во финалето во Токио

Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка се пласираше во финалето во...

Сила прогласен за МВП на првото коло на „МТЕЛ“ Суперлигата

Иако ТФТ остана без бодови во Битола, новото засилување...