Самарџиски влезе во стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија

Поранешниот македонски репрезентативец, Предраг Самарџиски се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години.

Прегледи:

Датум:

Поранешниот македонски репрезентативец, Предраг Самарџиски се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години.

Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, главниот град на Словачка.

Поранешниот центар ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води.

Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација, соопштија од КФСМ

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...