Какруки: Се надевам на победа, верувам дека сме подобар тим од Ирска

Македонската кошаркарска репрезентација е фокусирана на следниот предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029, а пред дуелот со Ирска своите очекувања ги сподели Ваљмир Какруки

Прегледи:

Датум:

Македонската кошаркарска репрезентација е фокусирана на следниот предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029, а пред дуелот со Ирска своите очекувања ги сподели Ваљмир Какруки.

Крилниот кошаркар не го памети по најдобро првиот дуел со Ирска во Даблин, иако Македонија тогаш стигна до победата. Какруки од тој натпревар си замина со повреда на бутниот мускул која го оддалечи од теренот во наредниот период.

Новиот кошаркар на косовски Башкими гледа само кон новите предизвици и е подготвен да помогне во дресот на националниот тим.

„Имавме два контролни натпревари со Бугарија и можам да кажам дека сме подготвени за следниот меч со Ирска во претквалификациите. Ни требаше малку време да се запознаеме сите подобро, но мислам дека периодот што го поминавме заедно беше доволен за да се подготвиме за следните предизвици“, вели Какруки.

Македонија во овој циклус ќе настапи со променет состав, но според Какруки тоа нема да биде пречка за исполнување на целта.

„Факт е дека половина од тимот ќе биде нов, но нашиот фокус е кон натпреварот со Ирска. Ќе дадеме сè од себе да победиме и ќе играме максимално ангажирано. Се надевам на победа, затоа што верувам дека сме подобар тим од ривалот кој ни доаѓа во Скопје“, додава македонскиот репрезентативец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Клоп по ремито со Грција: Повеќе сум пријатно изненаден отколку разочаран

Селекторот на Германија, Јирген Клоп, изрази задоволство и позитивност...

„На Холандија не ѝ беше потребна помош“, изјави Пауновиќ по новиот пораз на Србија

Холандија ја победи Србија со 2-1 во четвртото коло...

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...