Шок во НБА: Кари го напушта Голден Стејт поради Леброн?!

Стеф Кари би можел да ги напушти Голден Стејт Вориорс ако клубот не успее да изгради тим способен да се бори за титулата, објавува Маркус Томпсон од платформата „The Athletic“.

Прегледи:

Датум:

Стеф Кари би можел да ги напушти Голден Стејт Вориорс ако клубот не успее да изгради тим способен да се бори за титулата, објавува Маркус Томпсон од платформата „The Athletic“.

Според американскиот новинар, одлуката на Леброн Џејмс да потпише за Филаделфија дополнително влијаела врз незадоволството на Кари, бидејќи тој верува дека раководството на Вориорс не успеало да донесе доволно квалитетни засилувања.

Кари влегува во последната година од договорот со клубот на кој му донесе четири НБА титули, но наводно не е сигурен дека сегашниот состав може да го достигне шампионското ниво. Исто така, се споменува дека сопственикот Џо Лакоб е подготвен да ја разгледа иднината на франшизата по Кари.

„Она што Лакоб сака да го направи можеби ќе ги налути навивачите на Вориорс, но тој сака да изгради тим за периодот по Стеф Кари“, рече Томпсон.

Сепак, одлуката сè уште не е конечна. Според истиот извор, Кари ќе почека потезите на генералниот менаџер Мајк Данливи пред да донесе конечна одлука за продолжување на кариерата во Голден Стејт.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ГФК Тиквеш со реакција до ФФМ: Ги отфрламе сите сомнежи дека сме фалсификувале документи за кој било фудбалер

ГФК Тиквеш во реакција на соопштението на Фудбалската Федерација...

Тевез: Сакав да го убијам Невил, Фергусон ме предаде и ме излажа, отидов во Сити за одмазда

Карлос Тевез важеше за еден од најдобрите напаѓачи во...

Леклерк дели врвен рекорд со Сена во Мексико

Статистиката на Формула 1 покажува дека во последните 15...