Стојановски: Ирците играат доста агресивно, треба да бидеме максимално фокусирани

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски пред вечерашниот дуел со Ирска предупреди дека противничката екипа не смее да се потцени.

Прегледи:

Датум:

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски пред вечерашниот дуел со Ирска предупреди дека противничката екипа не смее да се потцени.

„Вечерва играме против репрезентација која не беше воопшто лесно да ја победиме на гостински терен. Играат брзо, играат доста агресивно и затоа треба да бидеме максимално фокусирани и подготвени. Да имаме добар пристап и добра енергија, бидејќи само така можеме да дојдеме до победата која ни носи сигурен пласман во квалификациите за Евробаскет“, истакнува капитенот.

Стојановски нагласува дека двонеделниот подготвителен период бил искористен максимално, што е значајна разлика во однос на претходните ФИБА „прозорци“, кога времето за работа беше ограничено.

„Добро ги одработивме овие две недели. Имавме можност целосно да се посветиме на она што го бараше селекторот, за максимално подготвени да ги дочекаме овие натпревари. Контролните натпревари исто така многу ни помогнаа, особено ако се земе предвид дека повторно има промени во ростерот. Нашата цел останува иста – да играме добро и да победиме“, порачува Стојановски.

Македонија од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска во натпревар од 5. коло од претквалификациите, а евентуалната победа ќе значи и официјална потврда на местото во следната фаза.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Проенса: Роналдо можеше да ја заврши кариерата по Светското, но не сакаше поради љубовта кон репрезентацијата

Четири победи во четири натпревари е билансот на португалската...

Халгримсон: УЕФА треба да ги одвои Ирска и Израел со ждрепка

Селекторот на фудбалската репрезентација на Ирска, Хајмир Халгримсон, ја...

Имавов му понуди на Стрикленд 500.000 долари од свој џеб за борба во јануари

Насурдин Имавов му даде необична понуда на шампионот во...

Фабрегас: До пред неколку години не знаев дека Комо има фудбалски клуб

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, денес прави чуда со...