Стојановски по победата над Кипар: Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници.

Прегледи:

Датум:

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници.

Сепак, потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд.

„Задоволен сум од енергијата што ја покажаа момците. Токму тоа сакавме да го видат и нашите навивачи. Воодушевен сум од поддршката од трибините и се надевам дека утре ќе имаме уште поголема публика. Секако, има работи што мора да ги поправиме. Имавме премногу загубени топки и тоа не смее да ни се повторува. Против ваков противник, во одредени моменти требаше да играме помирно и пострпливо. Но, ова се млади момци, атмосферата ги понесе и тоа е разбирливо“, изјави тој по мечот.

Од овој момент, додаде тој, репрезентацијата целосно е насочена кон следниот натпревар со Исланд.

„Ќе го анализираме Исланд и ќе се подготвиме максимално, затоа што сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да стигнеме до нова победа. Очекувам Исланд да игра со многу енергија, па ќе мора да бидеме подготвени за голема борба во скокот. Ако успееме да го контролираме тој сегмент од играта, ќе можеме да трчаме, а тоа е стилот што го сакаме – брза кошарка со што повеќе отворени шутеви.“, порача Стојановски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Баерн подготвува сензационална понуда и ги руши сите рекорди

Поранешниот играч на РБ Лајпциг, а денес столбот на...

Виландер: „Ѓоковиќ е најдобар во историјата, но Федерер…“

Дебатата за најдобриот тенисер на сите времиња веројатно никогаш...

Хаџар пред враќање за ГН на Азербејџан

Откако ги пропушти последните три трки од Формула 1...