Стојановски по поразот од Исланд: Конечниот резултат не ја отсликува целосно сликата на теренот

По поразот од Исланд од страна на македонските кадети на Европското првенство од Дивизијата „Б“ (75:87), селекторот Дејан Стојановски посочи дека Македонија не успеала навреме да се прилагоди на физичката игра на Исланд, а клучните моменти ги лоцираше во недисциплинираниот напад и грешките во ротацијата во зонската одбрана, кои му овозможија на противникот голем број отворени шута за три поени

Прегледи:

Датум:

По поразот од Исланд од страна на македонските кадети на Европското првенство од Дивизијата „Б“ (75:87), селекторот Дејан Стојановски посочи дека Македонија не успеала навреме да се прилагоди на физичката игра на Исланд, а клучните моменти ги лоцираше во недисциплинираниот напад и грешките во ротацијата во зонската одбрана, кои му овозможија на противникот голем број отворени шута за три поени.

Сепак, и покрај првиот пораз на шампионатот, селекторот потенцираше дека репрезентацијата нема да се навраќа на овој натпревар, бидејќи веќе следува нов сериозен предизвик.

„Очекувавме физички многу силен противник, но не успеавме навреме да се адаптираме на нивниот стил на игра и да го спроведеме она што го договоривме пред натпреварот.

Со зонската одбрана успеавме да се вратиме резултатски, но во нападот премногу брзавме и не бевме дисциплинирани во реализацијата на нашите поставени акции. Во еден период можеби предолго останавме во зонска одбрана. Тоа беше тренерска одлука и ја преземам одговорноста за неа, но направивме многу грешки во ротациите и му дозволивме на противникот премногу отворени шута за три поени.

Исланд упати дури 51 шут за три поени, нешто што навистина ретко се гледа. Погодија 13, а ние, за разлика од вчерашниот натпревар, не бевме шутерски расположени и во повеќе ситуации носевме лоши одлуки во изборот на шут.

Конечниот резултат не ја отсликува целосно сликата на теренот, бидејќи долго време натпреварот беше израмнет. Во финишот се обидовме уште еднаш со пресинг да се вратиме, но веќе беше предоцна.

Сега гледаме само напред. Веќе утре нè очекува дуел против исклучително квалитетна репрезентација, а ние ќе дадеме сè од себе, исто како што го направивме и денес“ – резимира Стојановски по првиот негативен резултат на првенството.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Бецеки постави рекорд на официјалниот тренинг во „Силверстоун“

Ѕвездата на Априлија, Марко Бецеки беше најбрз на официјалниот...

🎬 Беше една од најубавите гимнастичарки во светот, се пензионираше, а сега го потсети светот што може

Иако ја остави зад себе професионалната кариера во гимнастика,...

Переира објави во која категорија по тежина ќе продолжи да се натпреварува

Алекс Переира нема намера да се откаже од својата...

Формула 1 ќе го зголеми бројот на спринт трки следната сезона

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави...