Ташовски се сели во Дубровник

Кошаркарскиот клуб Дубровник соопшти дека потпишал договор со 24-годишниот плејмејкер од Македонија - Виктор Ташовски

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Дубровник соопшти дека потпишал договор со 24-годишниот плејмејкер од Македонија – Виктор Ташовски.

Тој се приклучува на хрватскиот клуб од ТФТ Скопје, каде што одигра 31 натпревар минатата сезона, со просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.

Македонецот играше и во АБА 2 лигата, каде што имаше просек од 14,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар.

Ташовски е член на репрезентацијата на Македонија и учествуваше во победите на репрезентацијата против Ирска и Луксембург во претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029 на почетокот на јули.

„Виктор, добредојде во Дубровник!“, споделија од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷🎬 Вајт потврди: Вајлдер против Опетаја во Кардиф

Деонтеј Вајлдер (40) и Џаи Опетаја (31) ќе влезат...

Панатинаикос го победи Реал во Мадрид по голема драма и продолженија

Панатинаикос го победи Реал Мадрид со 115:112 по продолженија...

🎥Срушен рекордот во Лигата на шампионите: Чудесниот Комо даде девет гола на гостински терен

Италијанскиот фудбалски клуб Комо постигна историска победа во својата...

Милан го враќа Адидас на дресовите, ќе земе 500.000.000 евра

Милан ќе се врати кај Адидас од сезоната 2028/29...