📽️НБА призна за грешка на мечот Лејкерс – Нагетс

НБА официјално призна за направена грешка во натпреварот Лејкерс-Нагетс, во кој тимот на Лос Анџелес победи со 127:125 по продолжение

Прегледи:

Датум:

НБА официјално призна за направена грешка во натпреварот Лејкерс-Нагетс, во кој тимот на Лос Анџелес победи со 127:125 по продолжение.

Во прегледот на натпреварот, НБА утврди дека тимот бил оштетен на самиот крај од регуларниот период, а донесената одлука имала значително влијание врз резултатот.

Судиите досудија прекршок за слободно фрлање врз Остин Ривс на 9,2 секунди до крајот, при резултат 116:113 за Денвер.

Прегледот покажа дека Спенсер Џонс, играч на Нагетс, ја одзел топката чисто од Ривс и дека на бекот на Лејкерс не требало да му биде досуден фаул.

Благодарение на оваа ситуација, Ривс успеа да извлече продолжение за својот тим, а потоа Лејкерс славеа по шест дополнителни минути.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...