Ангеловски го презеде Еурофарм Пелистер 2

Бранко Ангеловски е назначен за нов тренер и тим-менаџер на Еурофарм Пелистер 2, соопштија денеска од клубот

Прегледи:

Датум:

Бранко Ангеловски е назначен за нов тренер и тим-менаџер на Еурофарм Пелистер 2, соопштија денеска од клубот. Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер.

„Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно.Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветн избор за оваа позиција“, стои во соопштението на клубот.

Неговото претставување предвидено е за почетокот на подготовките на крајот од месец јули

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Клоп по ремито со Грција: Повеќе сум пријатно изненаден отколку разочаран

Селекторот на Германија, Јирген Клоп, изрази задоволство и позитивност...

„На Холандија не ѝ беше потребна помош“, изјави Пауновиќ по новиот пораз на Србија

Холандија ја победи Србија со 2-1 во четвртото коло...

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...