Стојановски пред Ирска: Мораме први да го поставиме темпото и да дојдеме до победа пред нашата публика

Репрезентативецот смета дека тимот е подготвен за предизвикот и има јасна цел во претстојните два натпревари

Прегледи:

Датум:

Крилниот кошаркар на репрезентацијата на Македонија, Тома Стојаноски пред клучните натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година изјави дека атмосферата во тимот е одлична.

Репрезентативецот смета дека тимот е подготвен за предизвикот и има јасна цел во претстојните два натпревари.

„Во изминатиот период направивме добри тренинзи и скаутинг со стручниот штаб. Мислам дека имаме добра и солидна екипа со која сакаме две победи во овој „прозорец“. Прва задача ни е Ирска, прво да завршиме работа со нив, а потоа ќе мислиме на Луксембург“, додава македонскиот кошаркар.

Стојаноски открива дека стручниот штаб веќе детално го анализирал противникот и очекува поинаков состав од оној со кој Македонија се соочи во претходниот дуел.

„Ирска има скоро шест до седум нови играчи. Се работи за помлади имиња кои играат во американската колеџ-лига. Ги видовме повеќето од нив преку видео-анализата. Играат брза кошарка, а ние мораме први да го поставиме темпото и да дојдеме до победа пред нашата публика“, потенцира Стојаноски.

Македонија утревечер од 18 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска, додека три дена подоцна следува гостувањето кај Луксембург.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Клоп по ремито со Грција: Повеќе сум пријатно изненаден отколку разочаран

Селекторот на Германија, Јирген Клоп, изрази задоволство и позитивност...

„На Холандија не ѝ беше потребна помош“, изјави Пауновиќ по новиот пораз на Србија

Холандија ја победи Србија со 2-1 во четвртото коло...

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...