МЗТ Скопје Аеродром загубија во пресметката на домашен терен против грчки Ираклис со 59-64 на стартот од сезоната во ФИБА Европа купот.
Во неизвесен натпревар, поискусниот противник го одржуваше ритамот, но во ниту еден момент не се одлепи во резултатот, но во возбудлив финиш сепак ја однесе победата.
Најефикасни кај „металците“ беа Фарахан со 18 и Варнер со 11 поени.
На овој натпревар не настапи Војдан Стојановски поради повреда, а од истата причина вон тимот беше и Андреј Андоноски.
Следен противник на МЗТ Скопје е Кожув, кај кого гостува во сабота, а веќе следната среда ги очекува нов домашен европски предизвик против естонскиот тим Тарту.


