Јошида е шестото засилување на ГРК Охрид

Јапонскиот репрезентативен пивот Шуичи Јошида потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (193 cm) и ќе го облече сино-белиот дрес со број 5.

Прегледи:

Датум:

Јапонскиот репрезентативен пивот Шуичи Јошида потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (193 cm) и ќе го облече сино-белиот дрес со број 5.

Јошида доаѓа по 2 сезони од гигантот Нант (Франција) каде што игра клучна улога во двата правци во француското првенство и Лигата на шампионите. Претходно настапуваше за Данкерк (Франција) и Азоти Тарнов (Полска). Прв пивот на јапонската репрезентација и прогласен за најдобар пивот на Азиското првенство во 2024.

„Здраво Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативен пивот. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде!“ – изјави Јошида.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дезире Дуе блиску до нов договор со ПСЖ

Пари Сен Жермен е се поблиску до продолжување на...

Познати двојките за четвртфиналето на Карабао Купот

Ждрепка за четвртфиналето на Карабао Купот одреди Ливерпул да...

Ираола: Младите играчи помогнаа во победата, безрезервно веруваме во нивните способности

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, го коментираше драматичниот триумф...

Алонсо по елиминацијата од Ливерпул: Покажавме добро лице, што е задолжително кога си на „Енфилд“

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, даде коментар по драматичното...