MaxBet ги наградува играчите за време на Светското првенство 2026

Компанијата MaxBet започна ново натпреварување под име „За дневна квота до плафон даваме Ајфон“, во рамки на кое, за време на Светското првенство 2026, ќе ги награди најуспешните играчи со вредни награди

Прегледи:

Датум:

Компанијата MaxBet започна ново натпреварување под име „За дневна квота до плафон даваме Ајфон“, во рамки на кое, за време на Светското првенство 2026, ќе ги награди најуспешните играчи со вредни награди. Натпреварувањето трае од 11 јуни до 20 јули, а учесниците, преку вкупно 30 натпреварувачки рунди, ќе имаат можност да го покажат своето спортско знаење и да освојат атрактивни награди.

Право на учество имаат сите полнолетни играчи кои своите тикети ќе ги уплатат во локалите на MaxBet низ Македонија. За да остварат право на учество, потребно е тикетот да содржи најмалку еден пар од Светското првенство 2026 со минимална квота од 1.50, како и минимална уплата од 100 денари.

Во натпреварувањето учествуваат исклучиво добитни тикети коишто ги исполнуваат предвидените услови. Победник на секоја рунда ќе биде играчот чиј тикет ќе оствари највисока погодена квота во рамки на таа рунда. Во текот на промоцијата ќе бидат наградени четирите најдобро пласирани учесници во секоја рунда, при што главна награда е Apple iPhone 17 Pro, додека останатите награди ќе бидат дел од дополнителен награден фонд и ќе го збогатат искуството на играње.

„Светското првенство претставува еден од најзначајните спортски настани и сакавме на нашите играчи да им обезбедиме дополнителна причина за уживање во натпреварите. Преку ова натпреварување го наградуваме спортското знаење, храбрите прогнози и успешните резултати, а истовремено создаваме уште повозбудливо искуство за сите љубители на спортот“, соопштија од MaxBet.

Како еден од регионалните лидери во индустријата на игри на среќа и спортско обложување, MaxBet континуирано развива промоции и кампањи кои на корисниците им носат дополнителна вредност и можност за освојување атрактивни награди. Натпреварувањето „За дневна квота до плафон даваме Ајфон“ претставува уште една потврда за посветеноста на компанијата да им обезбеди врвно искуство на своите играчи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Де ла Фуенте останува на чело на Шпанија до 2030 година

Селекторот на машката репрезентација на Шпанија, Луис де ла...

Роналдо бара доживотна забрана за пристап на стадионите поради навредите кон починатиот Жота

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и тамошната Про лига...

Хорнер добива нова шанса да се бори за акциите на Алпин

Тригодишното вето на Рено за продажба на 24-процентниот удел...

Белград официјално ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2029-та

Белград ќе биде домаќин на финалниот натпревар од Лигата...