Комерцијалниот суд во Бордо објави договор за продажба на фудбалскиот клуб „Girondins de Bordeaux“ за едно евро, што треба да ја избегне неговата ликвидација. Според повеќе извори, договорот е постигнат помеѓу претставници на сегашниот сопственик Жерар Лопез и компанијата „Park Bench“.
Клубот, откако беше административно исклучен од професионалните лиги поради финансиски проблеми, моментално се натпреварува во Régional 1. Постигнатиот договор се смета за клучен чекор во спасувањето и опстанокот на клубот.
Шесткратниот француски шампион ја започна сезоната во Régional 1, шестото ниво на францускиот фудбал. Само четири години откако испадна од Лига 1, Бордо се најде длабоко во аматерскиот фудбал.
Главниот проблем на Бордо со години се огромните финансиски загуби и долгови, кои дополнително се влошија откако испадна од Лига 1 и загубија приходи од телевизиски права. Клубот не успеа да ги убеди француските финансиски власти дека има доволно пари за нормално работење во текот на целата сезона, што резултираше со неколку административни испаѓања.
Бордо се обиде да најде решение за својата финансиска состојба во текот на летото. Инвестицискиот фонд Sparta Capital ги презеде акциите на претходниот сопственик Жерар Лопез на крајот на јули за симболично едно евро.


