Еден од лидерите на фудбалската репрезентација на Македонија, Елиф Елмас, на денешната прес-конференција истакна дека очекува исклучително тежок предизвик во претстојниот меч против Швајцарија, но верува во квалитетот и подготвеноста на Македонија.
„Играме против моќна репрезентација и четвртфиналист на Мундијалот, но ние сме подготвени и ќе излеземе по позитивен резултат. Чест ни е што младите се со нас, ги прифаќаме најдобро што можеме. За секој фудбалер е чест да го носи дресот на репрезентацијата“, истакна Елмас.
Швајцарија во Скопје пристигнува по настапот на Светското првенство во 2026 година, на кое стигна до четвртфиналето. Тимот предводен од Мурат Јакин располага со голем број квалитетни и искусни фудбалери и покрај неколкуте отсуства во составот.
Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија е во сабота од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.


